Таа знае како треба да изгледа добро стилизирана жена
Кога некаде ќе се појави кралицата Летиција, сите други дами паѓаат во втор план. Токму така беше и овој пат, кога ќе ги видите фотографиите ќе ви биде јасно зошто.
Таа деновиве е на турнеја низ Шпанија, а овие фотографии се направени во Мадрид. Летиција за оваа пригода избра миди фустан со интересен дезен.
Комбинацијата од неколку нијанси на виолетова и крем е полн погодок и изгледа многу моќно. Целата комбинација ја заокружи со салонки во светло виолетова боја и ремен во иста боја кој ја истакна нејзината витка половина.
Право изфенираната коса и минималната шминка сега се нејзин заштитен знак, па не очекувавме ништо друго од неа.
И овој пат таа заслужи чиста десетка за стил, а ве прашуваме дали ви се допаѓа овој стајлинг?