КРЕМ ЧОРБА ОД ШАМПИЊОНИ! Вкусно јадење кое ќе ве воодушеви!

popara20 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-20 135928

Шампињоните се најпознатите и најкористените печурки во исхраната на луѓето. Од нив може да се подготват разни јадења, а една од најдобрите е крем чорбата

Доколку не знаете што да зготвите денес, ви предлагаме да подготвите кремаста чорба од печурки.

Состојки:

четири лажици путер

лажица масло

две главици кромид

четири чешниња лук

850 гр шампињони

1,2 литар бистра пилешка супа

половина чаша црвено вино

шест лажици брашно

шолја павлака за готвење

со, бибер, магдонос

Подготовка:

Во тенџере загрејте ги путерот и маслото, па пропржете го исечканиот кромид. Додадете го лукот, пропржете уште една минута, па додајте ги на листови исечените шампињони. Се динста пет минути, се прелива со виното, па се варат уште две-три минути. Посипете со брашно, мешајте две минути, па истурете ја супата. Додадете сол и бибер, покријте и варете 15 минути, повремено мешајќи. Потоа изматете ја супата во блендер, вратете ја на рингла, измешајте ги павлаката за готвење и магдоносот, динстајте уште пет минути, па послужете.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma