Комбинацијата на црни чевли со бели чорапи е нешто што постојано е критикувано од оние кои добро ја разбираат модата. Но, денес се е променето, па светлите чорапи се комбинираат со црни чевли.
Овој тренд толку многу зема замав што не само што го носат со свечени костуми, туку го комбинираат и со уличен стил, така што одлично се вклопува со фармерки, добра oversize кошула која одлично би одговарала со вакви чевли и чорапи. Оваа комбинација ја направи актерката Кристен Стјуарт пред некој ден.
Но, постојат неколку други начини за комбинирање на овие две парчиња, на пр. со јакни и кошули:
1. Можете да изберете кошула со големи димензии, и ист крој и сако и така да ги комбинирате за да донесете малку поформална комбинација од онаа што ја носеше Кристен Стјуарт.
2. Со темни панталони и бела кошула со јака, класична чанта за рамо, оваа комбинација на чевли и чорапи е совршена за деловна пригода.
3. Црното здолниште со целосно широка кошула и темни очила е одличен избор за младешкиот свет.