Агилера повторно предизвика реакции поради физичкиот изглед
Кристина Агилера (40) се појави на 22 –та доделба на Latin Grammy наградите во Гранд Гарден Арената во Лас Вегас, а поради нејзината трансформација ретко кој можеше да го тргне погледот од неа.
Имено, некогаш русокосата слаткица, сега е огнена црвенокоса, а поради деколтето кое го истакна ,нејзините слики ги преплавија светските портали и социјалните мрежи.
„Што и е со градите“, „Изгледа убаво, но веќе не е Кристина на која се сеќаваме“, „Толку е моќна, само напред“, „Ајде, ова е премногу…“, „Не и личи“, се дел од бројните коментари.
Да се потсетиме, во февруари, луѓето масовно ги коментираа фотографиите на Кристина од базен, каде што беше јасно како изгледа во живо и без фотошоп, кој го користи на социјалните платформи.
Во галеријата подолу погледнете ги новите фотографии на Кристина, како и сликите од базенот за кои се зборуваше.