– Но вистината е, добивам понуди да играм вакви типови на моќни брокери – вели актерот
На HBO Max платформата нè очекува серијата „And Just Like That…“, а една од улогите во оваа реализација ја толкува Крис Нот. Тој ќе го игра ликот на Биг, кој е голема љубов на главниот лик Кери Бредшо, кој го игра Сара Џесика Паркер.
Крис Нот во интервју за „The Guardian“ зборуваше за ликот на Биг, кој во серијата важи за мачо тип. Сепак, актерот има поинаков став.
– Никогаш не го гледав како алфа мажјак. Но вистина е, добивам понуди да играм вакви типови на моќни брокери. Знам да облечам костум, но мојата сопруга одлично го постави тоа кога рече: „Мислам дека луѓето не сфаќаат дека на некој начин си шегаџија “, рече Крис Нот.
Во серијата „And Just Like That…“ ќе ја видиме и Синтија Никсон како Миранда Хобс, како и Кристин Дејвис како Шарлот Јорк.