Сите знаеме колку е здрав зелениот чај, а освен за уживање во напитокот, можете да го искористите и за правење десерти…
Состојки:
две јајца
пет лажици шеќер
250 мл млеко
прашок за пециво
600 гр брашно
шест лажици јогурт
сончогледово масло
За глазурата:
две чаши шеќер во прав
две лажички зелен чај во прав
прстофат сол
две до три лажици вода
малку екстракт од ванила
Подготовка:
Измешајте ги јајцата со шеќер, додадете млеко и добро изматете. Постепено додавајте брашно измешано со прашокот за пециво и измешајте со процесор за храна. Потоа додадете го јогуртот, замесете тесто, расукајте го со сукало, па со калап или чаша извадете ги крофните. Пржете на врело масло додека крофните не поруменат од двете страни, па извадете ги на салфетка за да се исцеди вишокот маснотии. Во меѓувреме изматете ги белките со ванилата, додадете шеќер, зелен чај, малку сол и две-три лажици вода, па со добиената глазура прелијте ги крофните.
Уживајте!