Настинката обично трае меѓу четири и шест дена, но понекогаш се случува да настинете на многу подолго? Ако го имате овој проблем, постои можност да правите некои од овие грешки.
Настинката е предизвикана од над 200 видови на различни вируси и не се лекува со антибиотици бидејќи вирусите не реагираат на нив. Обично, прво се јавува болно грло и носот почнува да тече. Потоа доаѓа назална конгестија и послаба кашлица. Треска обично отсуствува или е малку покачена во првите денови кај возрасните, додека е почеста кај децата.
1. Не се одморате доволно
Спиењето му помага на имунолошкиот систем да работи правилно. Кога ќе настинете, ви треба повеќе сон и одмор за да може вашето тело да се бори со вирусите и да ви помогне да заздравите. Во првите три дена, од појавата на првите симптоми, одморајте повеќе.
Дополнително, дури и кога сте здрави, ако сте ненаспани и уморни, полесно ќе настинете бидејќи имунитетот ви е слаб, а со тоа и вашето тело е поподложно на болести. Според една студија, луѓето кои спијат помалку од седум часа се речиси три пати повеќе склони кон болести од оние кои спијат осум или повеќе часа.
2. Не пиете доволно течности
Кога некој ќе се разболи, лесно се дехидрира, а болно грло може да ве натера да пиете помалку од вообичаено. Исто така, покачената температура го забрзува трошењето на влагата од телото како и зголеменото производство на слуз.
Затоа, кога сте настинати, но и поинаку – внесувате доволно течности во организмот, без разлика дали се работи за вода, чај или супа. Воздржете се од кофеин и алкохол бидејќи тие извлекуваат повеќе течност од телото отколку што останува по пиењето.
3. Под стрес сте
Стресот многу лошо влијае на имунитетот и телото не може да се бори со вирусите како што треба. Кога сте под голем стрес, полесно ќе се разболите, а ако веќе сте болни, побавно ќе закрепнувате и симптомите на болеста ќе бидат полоши, пишува WebMD.
4. Не е навистина настинка
Лесно е да се збуните и да ја замените настинката со некои други болести. На пример, ви се чини дека сте настинати, имате одредени симптоми, но тоа не поминува бидејќи всушност сте алергични на нешто. Секако, може да биде и Ковид 19, па дефинитивно треба да се тестирате доколку се сомневате на корона.