Лосос во азиска маринада (РЕЦЕПТ)

popara13 ноември, 20211min00
Screenshot_8

Маринадата дополнително ќе го нагласи специфичниот вкус на лососот.

 

СОСТОЈКИ

  • 500 гр филе лосос со кора
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица оризов оцет
  • 1/2 лажица соја сос
  • 2 лажички сечкан лук
  • 1,5 лажичка рендан ѓумбир или 1/2 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • сусам

ПОДГОТОВКА

  • Измешајте ги маслиновото масло, оризовиот оцет, соја сосот, лукот, ѓумбирот и шеќерот.
  • Добиената маринада прелијте ја врз лососот и ставете го во фрижидер да отстои околу 30 минути.
  • Загрејте ја рерната на 180 ° C.
  • Подмачкајте го плехот за печење, ставете го лососот така што кожата ќе биде свртена надолу. Печете во рерна 20 до 25 минути.
  • Кога лососот е готов, извадете го од рерна и поросете го со сусам.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma