Мал преглед на омилениот холивудски зимски додаток: Беретки!

popara10 ноември, 20213min00
profimedia-0586510266-e1636446504854-790x466

Волненото капче во многу едноставна форма на круг се носи уште од праисторијата, а некои од неговите варијанти биле носени низ историјата од уметници како Рембрант, Хемингвеј и револуционери како Че Гевара. Но, освен како дел од униформите на француските и баскиските селани и војници ширум светот, „француските капи“ станаа омилен моден додаток на многу познати жени во дваесеттиот век. Иако се чини дека Лили Колинс во ликот на Емили во Париз носеше беретки до апсурд, популарноста на овие капи не опаѓа.

Ова може да се припише и на тоа што се работи за парче кое инстантно дава доза на шик во секоја комбинација, а благодарение на минималистичката естетика може да се комбинира со апсолутно секој аутфит. Ова добро го знаеше и Марлен Дитрих, која беше една од првите жени што облече одела, а ги „зачини“ со овој унисекс додаток.

profimedia-0098266973

profimedia-0098267229

Грета Гарбо, а подоцна и Мерлин Монро и Џејн Расел следеа сличен, иако малку поженствен стил, а овие беретки се носеа и во комбинација со костими и истакнати јаки. Неколку децении подоцна, таа беше искомбинирана од Алиша Силверстон во филмот „Без знаење“.

Greta Garbo
Marilyn Monroe i Jane Russell, ‘Gentlemen Prefer Blondes’
Alicia Silverstone, ‘Clueless’

Ако ја тргнеме настрана криминалната историја на грабежната двојка за која зборува „Бони и Клајд“, можеме да признаеме дека ретко кој во филмската историја цело време изгледал толку кул како Феј Данавеј во тој филм. Твид, трикотажа, шалови и беретки се униформата на која некогаш би се посветиле! А слична комбинација како нејзината имаше и Ингрид Бергман во „Казабланка“.

Faye Dunaway во ‘Bonnie & Clyde’
Faye Dunaway во ‘Bonnie & Clyde’
Ingrid Bergman, ‘Casablanca’

Беретките беа исто така значаен дел од костимографијата на женските ликови во ноар филмовите од 1940-тите, како што се „Големиот сон“ и „Поштарот секогаш ѕвони двапати“. Лорен Бакал и Лана Тарнер ги надополнија гламурозните изгледи со капи и покажаа дека беретките можат да се носат на елегантни капути, мали црни фустани и ненадминати костуми со пепита дезен, а уште подобро изгледаат ако под нив носат брановидни фризури.

Lauren Bacall, ‘The Big Sleep’
Lana Turner, ‘The Postman Always Rings Twice
Lana Turner, ‘The Postman Always Rings Twice
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma