Меган избрана за најинтелигентен член на кралското семејство: Зад неа Кејт и Вилијам

popara28 декември, 20211min00
Screenshot_10

Меган Маркл е прогласена за најинтелигентна личност во британското кралско семејство, според студијата на Оксфорд Ројал.

 

Студијата го анализирала образованието на членовите на најпознатото кралско семејство, а сопругата на принцот Хари го добила највисокото признание.

 

Меган студирала на елитниот Нортвестерн универзитет во Илиноис, каде што се стекнала со две дипломи, за театар и меѓународни односи.

 

-Да се ​​живее како член на кралското семејство не е лесно. Тие постојано се под лупа на јавноста, но Меган има одлична позадина. Исто така, нејзината желба да ја искористи својата платформа за да ја подигне свеста за актуелните светски проблеми е одраз на нејзината интелигенција, соопштија од компанијата.

 

Втората најинтелигентна личност е Кејт Мидлтон, која дипломирала на Универзитетот во Сент Ендрјус.

 

Војвотката од Кембриџ се подготвувала за престижен универзитет во средно училиште, а најдобри резултати постигнала по математика и уметност, а потоа и на англиски јазик.

 

Третиот најинтелигентен човек бил принцот Вилијам, кој дипломирал на истиот универзитет како и неговата сопруга.

 

Поради заминувањето во војска, образованието на принцот Хари се намалило, па тој не стигнал до првите десет најинтелигентни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma