Таблетата против коронавирусот има значително помал ефект врз хоспитализацијата и смртта, а целта на овие таблети беше да се намали бројот на хоспитализирани и смртни случаи.
Оралната антивирусна терапија на Мерк против Ковид-19 не е толку ефикасна како што се мислеше претходно, се вели во новиот извештај на Merck & Co во петокот, пренесува Ројтерс.
Се испостави дека експерименталната таблета против коронавирусот има значително помал ефект во однос на хоспитализација и смрт отколку што се мислеше.
Производителот рече дека апчињата покажале 30 отсто помалку хоспитализирања и смртни случаи, врз основа на повеќе од 1.400 пациенти. Во октомври податоците покажаа ефикасност до 50 отсто, врз основа на 775 пациенти.
Податоците беа објавени пред американската Администрација за храна и лекови да објави серија документи од надворешни експерти кои ќе се состанат во вторник за да одлучат дали да ги одобрат апчињата. Агенцијата не даде препорака дали таблетите треба да бидат одобрени.