– Добредојде во екипата на ЈВ! Мајкл Медсен ќе игра една од улогите во следната сезона на серијата „Јужни ветар“ – напиша Биковиќ
Милош Биковиќ (33) на својот Твитер профил го објави името на холивудскиот актер кој ќе игра во следната сезона на серијата „Јужни ветар“.
Станува збор за Мајкл Медсен (64) кој има играно во повеќе од сто филмови, а веројатно најзабележителни улоги му се – г. Русокоса (Вик Вега) во „Reservoir Dogs“, Бад во „Kill Bill“, Сони во „Donnie Brasco“, „Sin City“, „Die Another Day“ …
– Добредојде во екипата на ЈВ! Мајкл Медсен ќе игра една од улогите во следната сезона на серијата „Јужни ветар“ – напиша Биковиќ.
Да се потсетиме, режисерот на „Јужни ветар“, Милош Аврамовиќ, претходно изјави дека љубителите на оваа реализација ги очекуваат бројни изненадувања.
– Ќе има актери и во серијата, не само во филмот, но засега не можам да ги откријам имињата. Веќе имаме потпишано некои договори и таа работа е завршена, со некои се уште сме во преговори, но се уште не можам да зборувам за тоа – рече Аврамовиќ, а на прашањето да открие барем „колку се“, тој одговори:
– Четири! Ќе ги има четворица во серијата, а ќе видиме за филмот, ќе има уште многу! Носиме 2 холивудски и 2 руски ѕвезди, од кои едната е легендарна, а можеби ќе можеме да откриеме повеќе во следниот месец. Следниот филм и втората сезона од серијалот нема да бидат само балкански туку и европски проект и јас сум презадоволен од сценариото. Го читам цело време и нестрплив сум да почнам да снимам. Веќе во април, мај започнуваме со снимање на 2-та сезона од серијата, по што го снимаме третиот филм. Се ближиме до крајот на сагата, но можеби повторно ќе се сретнеме.