Мислевте дека тоа е мана: Една работа ви изгледа ИРИТАНТНО, но всушност е многу привлечна за двата пола

popara17 декември, 20211min00
Ljubavni-par-1-2048x1366

Многумина ги нервира ваквото однесување, но еден експеримент покажа дека тоа е всушност привлечно

Има луѓе кои со својата беспрекорна дикција, јасен и гласен говор го задржуваат вниманието на околината.

Токму кога зборуваат, сите се вртат кон нив и уживаат да ги слушаат.

Од друга страна, кога некој „си зборува на носот“, тивко и нејасно, дополнително создава нервоза кај слушателите кои се напрегаат да сфатат што сака да каже личноста.

Сепак, иако овој шум на многумина им изгледа иритирачки, еден експеримент покажал дека, спротивно на популарното верување, позитивно влијае на имиџот, односно на привлечноста на една личност.

Во списанието „Journal of the Acoustical Society of America“, се покажува дека начинот на кој зборуваме е поврзан со привлечноста.

Учесниците на спроведениот експеримент добиле различни вокални вежби, а потоа биле поделени во групи. Нивната задача била да слушаат снимки од овие вежби и да ги рангираат говорниците според тоа колку личноста им била привлечна во однос на гласот и говорот.

– Заклучивме дека јасноста со која зборуваме до одреден степен влијае на тоа дали некому ќе му се допаднеме – изјави докторката и една од координаторите на оваа студија Сара Харгус Фергусон и додаде:

– Ова истражување покажа дека сме попривлечни ако зборуваме помалку јасно, односно ако сме малку нејасни – додаде таа.

Научниците ги објаснија овие резултати со „сексуален диморфизам“, односно склоноста на луѓето да бидат привлечени за другите од некои посебни и уникатни карактеристики. Утврдено е дека една од нив е нејасниот говор.

Експертите веруваат дека човечкиот мозок овој феномен го доживува како квалитет. Резултатите покажале дека ваквиот говор е особено привлечен за мажите и дека го сметаат за поженствен.

– Иако секој логопед ги учи децата и возрасните да зборуваат побавно и внимателно да го изговараат секој збор, се чини дека повеќе нè привлекува кога говорот не е баш јасен – заклучува д-р Даниел Стер од Универзитетот во Калифорнија, кој исто така учествувал во овој проект.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma