МИТОВИ ЗА ХИГИЕНАТА ВО КОИ ВЕРУВАМЕ: Првиот е особено ОПАСЕН!

popara13 декември, 20211min00
587899_tusiranje_ls

Веројатно и вие ги правите

Човечките хигиенски навики се развиваат во текот на растењето. Родителите упорно се обидуваат да ги научат своите деца да го одржуваат своето тело чисто.

Сепак, многу работи родителите погрешно ги учат своите деца. Ни тие не се виновни бидејќи и нив погрешно ги учеле.

Кога станува збор за одржување на личната хигиена, постојат многу заблуди кои се пренесуваат низ генерациите.

Тие се далеку од тоа да бидат фатални по нивното здравје, но факт е дека се сосема непотребни и одземаат само време. Сепак, некои од нив се навистина опасни.

Веројатно и вие ги правите.

Туширање

Дали навистина треба да се туширате секој ден? Експертите велат дека нема потреба од ова.

Единствениот случај кога навистина се препорачува секојдневно туширање е ако имате егзема или некоја друга кожна болест. Доволно е да се туширате неколку пати неделно за да останете здрави.

Чистење на ушите

Стапчињата за уши прават повеќе штета отколку корист. Ушниот канал по природа е направен така да може сам да се чисти.

Восокот може да ви пречи, но го штити телото од бактерии кои можат да влезат во вашето тело преку ушниот канал. Премногу грубото чистење на ушите може да создаде микро рани, во кои бактериите можат да се вовлечат и да предизвикаат инфекции.

Хигиена на интимните делови

Исто како и ушите, така и женската интимна зона сама се чисти. Многу жени ги исплакнуваат и чистат гениталиите, користејќи специјални сапуни и гелови за интимна нега, кои можат да бидат штетни.

Овие препарати ја нарушуваат pH вредноста на кожата, па таа станува поподложна на развој на габични инфекции, кои често се придружени со воспаление и непријатен мирис. Од истата причина, жените се поподложни на сексуално преносливи болести.

Миење на рацете со врела вода

Топлата вода е подеднакво ефикасна. Најважен фактор е употребата на сапун, триење и темелно плакнење.

Потребно е и добро да ги избришете и исушите, бидејќи бактериите делуваат на влажна кожа.

Правило 3 секунди

Многумина од мали нозе веруваат дека кога нешто ќе им испадне, имаат 3 секунди да го подигнат, пред бактериите да дојдат до површината на храната.

За жал, понекогаш помалку од една секунда е доволна за штетните бактерии да преминат на храната. Се разбира, колку подолго чекате, толку повеќе бактерии ќе се залепат за вашата храна.

Секако најдобро решение е да го фрлите во канта тоа што паднало на подот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma