Мејкап изгледор на 60-тите станува се попопуларен и кај трендсетерките и кај нас „обичните смртници“. А еве за што се работи.
Можеби не сте родени во 60-тите, но ако не прашате нас, тие беа еден од најдобрите периоди досега. Шеесеттите ги родиле мини здолништата, луѓето се бореле за независност, Битлси гореле и палеле, а жените се чувствувале сè послободни.
И затоа враќањето во 60-тите воопшто не ни пречи, особено кога станува збор за начинот на шминкање кој доминира оваа сезона.
Оваа ретро ретроспектива никогаш и не исчезнала од сцената со причина, но повторно оживеа и е попопуларна од кога било.
Видовме дури и враќање на ајлајнерите во тогашниот стил и фризури со волумен кои секако оставаат прекрасен белег на ревиите на многу модни куќи за сезоната 2022 година.
Првата личност која ни паѓа на памет кога ќе помислиме на поп иконите кои стилски го почитуваат овој период е Аријана Гранде која всушност во нејзината шминка и фризури во гламурозни изданија е олицетворение на периодот од 50-тите, 60-тите и 70-тите години. А токму нејзиниот изглед на насловната страница на албумот денес е она што се врати на голема врата.
Станува збор за јасна потемна линија на браздата на окото, додека остатокот од очниот капак е исполнет со посветла боја, т.н. „cut crease“. Денес, секако, има модификации на тој изглед со светки и слични додатоци, но поентата е уште повеќе да ги отворите очите со оваа техника и да користите добра маскара за волумен и должина.