МОЗОЧНИТЕ УДАРИ СТАНУВААТ МИНАТО? Револуција во пронаоѓањето нови лекови – научници го направија „невозможното“

popara2 декември, 20211min00
profimedia-0295854017_0

Група научници на чело со Ема Луиз Лаут од Универзитетот во Копенхаген задржале во живот парче човечки мозок долг еден сантиметар во таканаречена петриева чинија.

Ова е првпат некому да му успее ваков потфат и е дел од револуционерна студија која ќе помогне да се најдат нови лекови и третмани за смртоносни болести.

 

Група научници извадиле парче мозочно ткиво од кортексот на пациентот и брзо започнале нов процес за да се обезбеди неговиот опстанок.

 

Тимот прво го оладил ткивото, одржувајќи го протокот на кислород за да ги одржува живите клетките, а потоа ставил мало парче во мешавина од јони и минерали – истите состојки кои се наоѓаат во церебралната спинална течност.

 

Во изјавата, Лаут објасни дека таа и нејзиниот тим успеале да го одржат мозочното ткиво во живот 12 часа, што овозможило проучување и експерименти кои биле можни само на животни.

 

„Да позајмиме аналогија од други истражувачи: студиите на клетките на глувчето во споредба со истражувањата на луѓето се како да гледате во Nokia 3310 додека се обидувате да поправите iPhone“, рече таа, додавајќи: „Тие ги имаат истите основни функции, но човечкиот мозок е посложен“.

 

– Знаеме дека постојат разлики во типовите на клетките и изразувањето на одредени рецептори, така што можноста за директно тестирање на човечкото ткиво е единствена можност – додаде Лаут.

Претходната студија се фокусираше на врските помеѓу човечките неврони засилени со допамин и невроните на глувчето и покажа дека „невротрансмитерот поврзан со награда“, односно допаминот, ги зајакнува врските помеѓу невроните во човечкиот мозок.

 

Според Лаут, учењето за ова може да доведе до нови можности за третман и рехабилитација по мозочен удар или други видови на акутно оштетување на мозокот, каде што пациентите ги губат врските помеѓу мозочните клетки.

 

Сепак, се поставуваат многу прашања за сечење живо човечко мозочно ткиво, иако Лаут тврди дека „тоа“ не чувствува болка.

 

„Секоја емоција или мисла мора да помине низ многу делови од мозокот“, рече таа.

 

– Делот на кој работиме е со големина на најоддалечениот дел од вашиот палец и повеќе не е поврзан со други области на мозокот. Разбирам зошто луѓето се прашуваат дали невроните во садот Петри имаат меморија, но тоа едноставно не е можно – заклучила таа.

 

Група истражувачи моментално работи на метод кој може да одржува живи мали делови од мозокот до десет дена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma