МОНИКА БЕЛУЧИ ЗА СТАРЕЕЊЕТО: Не се оптеретувам, кога имаш 50 или 60 години ги немаш истите потреби како…

popara7 декември, 20211min00
Screenshot_3

Една од најубавите жени на светот проговори за стареењето

 

Познатата италијанска актерка Моника Белучи (57) не се плаши од стареење и промена на изгледот. Згора на тоа, таа прифаќа дека тоа е природен процес.

 

„Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин“, изјави Моника во новото интервју за магазинот Sunday Times Style.

 

Како што вели, сака вино и тестенини, а избегнува ригорозни тренинзи и строги диети. Повремено вежба пилатес.

 

Меѓутоа, кога работата го бара тоа, таа вежба и држи лесна диета, но сето тоа во многу разумна мера.

 

„Не сум оптоварена. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш многу слаба, природно сум таква. И јас сакам да остарам на мирен начин. Кога имаш 50 или 60 ги немаш истите потреби како на 20. Се менуваш, како кога ќе добиеш дете, прво го гледаш него, ти си на второ место. Тоа ни дава поинаква перспектива“, вели Моника.

 

Моника го коментираше и искуството како 50-годишна „Бонд жена“ во „Спектар“, италијанската актерка истакна дека нејзината улога означила „голема промена“, додавајќи дека „има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да остареат во поинаков начин“.

Моника го гледа процесот на стареење како многу конкретна работа.

 

„Има многу различни моменти во животот. Кога си многу млад, го имаш она што во Франција се нарекува „убавината на ѓаволот, што е сосема природно, тоа е убавината на младоста, убавината на биолошкиот момент во твојот живот. Но животот продолжува. Ние старееме и мораме да се помириме. Ништо не можеме да направиме. Но, во исто време имаме среќа бидејќи ако остариме тоа значи дека имаме долг живот. Како што телото старее, нашата душа расте“.

 

Инаку, мајката на Моника Белучи има две ќерки Дева (17) и Леона (11), кои ги има од бракот со поранешниот сопруг Винсент Касел.

 

„Ние сме одамна разделени, но во исто време кога сте родители, вие сте родители цел живот. Убаво е да се има врска за доброто на децата кога тоа е можно“, изјави Белучи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma