Лохан се прослави како мало девојче, а притисокот на славата и донесе многу скандали кои ја чинеа кариера. По долга пауза таа му се врати на актерството, а изгледа дека нашла љубов и повторно е среќна.
Актерката Линдзи Лохан (35) на својот Инстаграм профил објави серија заљубени фотографии со прстен со голем камен во преден план, па радосната вест за свршувачката ја сподели со своите 9,7 милиони следбеници. Линдзи и Бадер Шамас наводно се заедно две години.
– Мојата љубов, мојот живот, мојата иднина – напиша Линдзи со фотографии под кои е исклучена можноста за коментирање.
– Нивната врска е силна и трае околу две години. Тој е вистинскиот за неа, а не индустријата за забава. Тој е менаџер на фондови за богати луѓе – открил извор за The Sun.
Изворот откри и дека прашање на време е кога среќната двојка ќе се венча.
Линдзи моментално живее во Дубаи, а по подолг период прифатила нова улога која многу и значела. Таа се врати во САД за да снима нов божиќен филм на Нетфликс, а ќе ја глуми разгалената наследничка на хотелот.
– Се вратив на актерството и не можам да бидам посреќна – напиша таа покрај фотографијата од сетот.