Му простила неверство на сопругот, а тој потоа завршил на одвикнување: Сара Џесика Паркер овој човек го сака најмногу од сè

popara25 ноември, 20211min00
Screenshot_3

Холивудската ѕвезда Сара Џесика Паркер позади себе има повеќе од 40 години актерска кариера, а на публиката најпозната ѝ е по улогата Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“.

 

Актерката е во брак со Метју Бродерик од 1997-ма година, а нејзиниот љубовен живот отсекогаш предизвикувал интерес кај јавноста.

 

Нејзината мајка Барбара Паркер била медицинска сестра и учителка во основно училиште, а нејзиниот татко Стивен бил бизнисмен и новинар. Актерката има седум браќа и сестри од првиот и вториот брак на својата мајка, а нејзините браќа Пипин Паркер и Тимоти Паркер исто така се актери.

 

Откако мајката на Сара се развела од нејзиниот татко Стивен, се венчала за Пол Форсте, сметководител и возач на камион, кој бил дел од нејзиниот живот од раното детство.

 

Актерката почнала да игра балет како девојче и одела на часови по пеење, а нејзиното семејство се преселило во близина на Њујорк за да го продолжи нејзиното образование. Одела во приватно професионално детско училиште во кое оделе оние кои сакаат да се занимаваат со танц и актерска кариера.

 

Сара била во врска со актерот Роберт Дауни Џуниор од 1984-та година. Парот се запознал на снимањето на филмот „Првородениот“, а неговите проблеми со дрога многу влијаеле на нивната врска и раскинале во 1991-ва година. Потоа, актерката имала кратка романса со адвокатот и новинар Џон Кенеди Џуниор.

 

 

Колегата Метју Бродерик, Сара го запознала во 1992-ра, а се венчале во мај, 1997-ма година. Не се венчала во венчаница, туку во црвена тоалета. На прашањето на новинарите зошто не е во бело, таа објасила дека се срами да носи бело.

 

Двојката важи за една од најхармоничните во Холивуд. Меѓутоа, Бродерик своевремено ја изневерил својата Сара и сето тоа протече во јавноста. Утврдено е дека е зависник од алкохол и дрога, а тоа било изговор за неверството. И покрај сè, таа не му го завртела грбот, туку му помогнала да оздрави, пишува „CheatSheet“.

 

Инаку, Метју во 1987-ма година за време на одморот во Ирска, по грешка преминал на спротивната лента на патот и предизвикал тежок судар во кој загинале Ана Галагер и нејзината мајка Марагерт Доерти. Ќерката имала 28, а мајката 63 години.

 

Метју поради несреќата имал скршено ребро и потрес на мозокот. По несреќата тој во разговор со полицијата рекол дека воопшто не се сеќава на несреќата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma