Пит Дејвидсон го прескокна шоуто „Saturday Night Live“ за да оди на состанок со Ким Кардашијан додека шоуто на NBC се соочува со епидемијата на КОВИД-19.
Комичарот Пит Дејвидсон (28) и реалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) беа забележани во киното на Статен Ајленд во саботата навечер. Ним им се придружи и поранешниот партнер на Кортни Кардашијан, Скот Дисик.
Претходно попладне Пит е виден како влегува во хотел на Менхетен, каде Ким моментално престојува.
Тој пристигна таму со Скот Дисик околу 18 часот, што поттикна шпекулации дека нема да присуствува на пробите за „SNL“, кои обично се одржуваат околу 20 часот.
Да се потсетиме, Ким Кардашијан ги направи последните чекори во разводот со Канје Вест кој неодамна јавно ја молеше да му се врати на нејзиниот концерт во Лос Анџелес кога тој ја отпеа неговата песна „Runaway“ и особено го нагласи последниот дел: „Врати се кај мене, Кимберли’. Многумина тоа го сфатија како уште едно барање на раперот до неговата сопруга да му даде нова шанса на нивниот брак.
Кардашијанката дојде на неговиот концерт со ќерката Норт и синот Сеинт за да му даде поддршка на Канје. Сепак, се чинеше дека тоа не ја разнежни.