НАВИСТИНА СЕ ОДНЕСУВА БИЗАРНО! Музичарот објави ИНТИМНА фотографија, фановите полудеа: Не мора ние се да гледаме, правете ги тие ГАДОСТИ во 4 ѕида

popara20 декември, 20211min00
2758139_kortni-travis-3_ls

Тапанарот на познатиот поп-панк бенд „Blink 182“, Тревис Баркер, долго време е во центарот на вниманието на јавноста поради врската со една од познатите старлети Кардашијан.

Тој и Кортни се вериле, како што пишуваа сите медиуми пред 2 месеци, но она што најмногу привлекува внимание се нивните фотографии на социјалните мрежи кои никого не оставаат рамнодушен, повеќето од нив се шокантни.

Тој на својот Инстаграм профил објави необична фотографија поради која толпа следбеници го обвинија дека го промовира својот „фетиш на стапала“ пред целиот свет.

Имено, Травис на фотографијата и ги бакнува стапалата на својата вереница, а на фотографијата се гледа дека и двајцата носат идентични пижами со леопардски принт. Тој напиша и краток, но прилично емотивен коментар: „Се што сакам за Божиќ си ти“.

Ова не е првпат 46-годишниот тапанар да признае дека го фасцинирале стапалата на познатата убавица, во неколку наврати споделувал фотографии од нејзините стапала, а во една прилика ги нарече „ангелски“.

И додека оваа по малку бизарна фотографија собра половина милион лајкови, во исто време започна лавина од злонамерни забелешки. Имено, публиката и замерува на познатата двојка дека претерува во јавните изливи на нежност и дека одамна ја преминале границата на добриот вкус. Речиси и да нема фотографија, дали на Инстаграм, дали папарацо фотографија, на која најстарата Кардашијан и Травис не се гушкаат, бакнуваат или разменуваат страсни допири.

„Тие можат да го направат сето ова во нивните четири ѕида, но тоа не е опција, тие копнеат сите да ги видат“, „Ова е одвратно“, „Сè што прават почнува да изгледа како маркетиншки трик, а не вистинска љубов“, Па , имаше повеќе од доволно „Кортни-Тревис“ гушкање во јавноста“, “Тие се пострашни од ден на ден“, „Дали овие двајца имаат граница?“ „И двајцата се толку одбивни“, мило ми е што се среќни, но дефинитивно треба да поработат на приватноста“, „Нека кренат рака сите на кои им се гади од овие двајца“, се само дел од коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma