НАМАЗ КОЈ ЌЕ ГО ОБОЖАВАТЕ: Рецепт за најпопуларната посна паштета од туна

popara10 декември, 20212min00
9b18ee32a3b554791a12bc54263011de67f6a260

Постот започна, а доколку немате идеја што да подготвите за појадок, вечера или ужина, тогаш оваа домашна паштета е идеална за вас. Се подготвува во само три чекори, а за подготовка нема да ви требаат повеќе од десет минути.

Состојки:

лук
глава црвен кромид
една конзерва туна
неколку кисели краставички
грст ореви
лажичка маслиново масло
малку сол, бибер, магдонос
сок од лимон

Подготовка:

На маслиново масло пропржете го лукот и црвениот кромид додека не испуштат вода, а потоа оставете малку да се излади. Во блендер издробете ги краставиците, оревите и туната, но претходно исцедете го маслото и измешајте со кромидот. Додадете сол и бибер по вкус, додадете малку сок од лимон и оставете ја добиената паштета малку да се излади во фрижидер пред употреба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma