НАМЕСТО СО ОРЕВИ НАПРАВЕТЕ СО КОКОС: Баклава прелиена со сочен и сладок сируп – одличен избор за слава

popara7 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-07 011523

Баклавата е традиционален деликатес кој е неизбежен на зимските прослави. Може да се направи со ореви, бисквити, афион, сливи, а сега и со кокос. Комбинации има безброј, но вкусот е подеднакво совршен која и да ја одберете. Можете да ја направите и во посна и мрсна варијанта.

Состојки:

Кори за пита

3 јајца

1 шолја (шолја 200мл) шеќер

1 шолја масло

1,5 шолја јогурт

1 кесичка прашок за пециво

200 гр кокосово брашно.

Прелив:

800 мл вода

600 гр шеќер

2 кесички ванилин шеќер.

Подготовка:

Преливот сварете го за малку да се излади. Јајцата и шеќерот се матат со жица, се додава маслото, јогуртот, кокосовото брашно, прашокот за печиво, се соединува. Се става една кора, се премачкува со неколку лажици фил, се става уште една кора и се премачкува со фил, се става трета кора и се ролат. Се редат во тавче премачкано со масло. И така со останатите кори додека не се потрошат и се печат на 200 степени додека не поруменат. Топлата баклава прелијте ја со изладениот сируп.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma