За да ги заштитите коските, треба да јадете храна богата со калциум, витамин Д кој му помага на вашето тело да апсорбира калциум и витамин Ц кој е одговорен за синтеза на колаген и фосфор.
Како што стареете, важно е да знаете кои промени се случуваат во вашето тело и според тоа да ја прилагодите вашата исхрана. Една од овие промени се однесува на вашите коски.
Со текот на годините се губи коскената маса и густина, многу побрзо отколку што може да се формира ново ткиво, што значи дека коските може да станат послаби и полесно се кршат. Ова важи особено за жените во постменопауза.
Жените го губат коскеното ткиво со брзо темпо во текот на првите пет години по менопаузата поради опаѓање на нивото на естроген кој ги штити коските од болести.
Факт е дека вашите коски исто така почнуваат да губат калциум и други есенцијални минерали со текот на годините.
Затоа треба да консумирате храна богата со витамини и минерали кои ги зајакнуваат коските и на тој начин да ги заштитите.
Лошото здравје на коските може да доведе до остеопороза како и до зголемување на болести на коските.
Што треба да јадете?
Лосос
Лососот е идеален за ручек или вечера. Оваа риба има неколку хранливи супстанци кои можат да го подобрат здравјето на коските. Лососот е богат со протеини и витамин Д кој му е потребен на телото за да го апсорбира калциумот од храната.
Кељ
Мажите постари од 50 години треба да внесуваат 1000 мл калциум дневно, додека жените треба да внесуваат 1200 мг калциум дневно. Зелениот лиснат зеленчук како што е кељ содржи витамин К кој му е неопходен на телото. Една шолја сечкан кељ содржи 170 мл калциум.
Пиперки
Една голема жолта пиперка содржи 342 мг витамин Ц кој ги штити коските од оштетувања.
Јајца
Стручњаците велат дека треба да го започнете денот со кајгана или омлет за да ги заштитите вашите коски.
Семки од тиква
Семките од тиква се суперхрана која има големо влијание на вашите коски. Тие се богати со магнезиум, цинк и фосфор – сите минерали кои се неопходни за здравјето на коските.
Магнезиумот го поддржува активирањето на витаминот Д, цинкот е потребен за апсорбирање на калциумот, а без цинк не можете да имате здрави коски.