На бринетите (и на сите оние кои планираат да станат) кои бараат нови омилени нијанси на кафена боја на коса можеби ќе им се допадне комбинацијата за која експертите предвидуваат дека ќе биде многу популарна во постудениот дел од годината.
Станува збор за комбинација од неколку нијанси на кафена боја, благодарение на кои фризурата изгледа богато, а косата заедно дава дополнителна енергија и димензија.
Како што објасни познатиот фризер Том Смит, премногу е лесно, откако ќе се одлучите за потемна боја на коса, да го нанесете истиот тон на целата коса. Подобра опција е да и дадете на вашата коса нешто што ќе направи да изгледа „скапо“, односно комбинација на кафени нијанси благодарение на што се постигнува богат, луксузен изглед на косата.
Доколку се одлучите за оваа боја, или комбинација на бои, ќе отидете во фризерски салон каде што треба да објасните што сакате.
Клучниот елемент за кој треба да разговарате со вашиот фризер е дека не сакате униформна боја на целата коса. Поентата е во длабочината и димензијата зошто треба да се договорите со вашиот експерт за коса кои нијанси на кафена да ги користите, а потоа да му дозволите на вашиот фризер да ги распореди на начин што најдобро ќе делува на вашата коса.
Исто така, важно е да нагласите дека не сакате да пловите кон светот на русокосите, туку дека сакате да останете бринета во целосна смисла на зборот. Дополнително, вашиот фризер ќе ви помогне да процените дали подобро ви одговараат потоплите или поладните нијанси.
Колку оваа опција е добра за бринетите говори и фактот дека и Хејли Бибер е само една од многуте познати дами кои се повеќе му даваат можност на светот на бринетите. Фотографијата подолу најдобро ќе ви покаже за што се работи. Со ваква кафена нијанса, сè изгледа подобро.