Одлично, економично и безбедно средство за чистење фуга помеѓу плочките. Еве како да го направите!
СОСТОЈКИ:
- 7 чаши вода (1,5 л)
- 1/2 чаша сода бикарбона
- 1/3 сок од лимон (или 1 супена лажица лумонтус)
- 1/4 чаша алкохолен оцет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во 1,5 л вода растворете сода. Додајте лимонтус или сок од лимон и на крај полека налијте оцет. Причекајте додека помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.
Сега со четка или сунѓер истријте ги фугите со смесата и ќе видите како пред вашите очи фугите стануваат чисти, а плочките добиваат свеж и обновен изглед.