Со оваа фризура ќе бидете подготвени за секоја пригода
Сигурно ви е позната ситуацијата кога се подготвувате за некоја посебна пригода, а косата не сака да остане во положбата во која сте ја наместиле.
Дури и кога ќе направите идеална фризура, временските услови брзо ја расипуваат, а не ви останува ништо друго освен да ја соберете и да ја врзете во опавче.
Сепак, дали сте размислувале за пунџата како идеално решение за трајна и совршена фризура?
Доколку сакате да изгледате уредно и елегантно, тогаш оваа безвременска класика е идеалното решение за вас.
Инфлуенсерката и модна блогерка Наташа покажа како се прави пунџа која одговара на секој стил и секоја пригода.
Шармот на оваа фризура е што ќе бидете свој фризер, и што нема да ви одземе повеќе од 10 минути.
Како изгледа совршената пунџа која се прави едноставно и лесно можете да погледнете ОВДЕ.