Сите сакаме нашата гардероба да биде свежо испрана. Едно од најубавите чувства е кога после туширање ќе облечеме чиста гардероба која убаво мириса.
Сепак, во текот на зимските денови многу е тешко ова да се постигне затоа што нема доволно сонце, а влагата е преголема.
Но сепак, поради сушењето во затворени простории и влагата, во зима често се случува алиштата да се замирисаат.
Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да го спречите тоа, но воедно овие трикови ќе ви послужат и полесно да ги исушите алиштата:
Проветрувајте и не сушете алишта на радијатор
За некои луѓе единствено решение е да ги сушат алиштата во своите домови. Во тој случај, многу е важно е да направите струење на воздухот и редовно да проветрувате. На овој начин, алиштата брзо ќе се исушат, а така ќе ја спречите појавата на мувла во станот
Немојте да ги сушите алиштата на радијатор, затоа што на тој начин во нив ќе се соберат бактерии, а исто така, ризикувате да се појави мувла во станот.
Не ја преполнувајте сушарата
Сушарата во која сушите алишта не треба да биде полна. Оставете простор измеѓу ткаенините така што воздухот ќе може слободно да струи.
Кога има сонце
Доколку надвор има сонце, задолжително алиштата изнесете ги надвор. Може да се случи алиштата да смрзнат, но кога ќе внесете внатре, на собна температура брзо ќе се исушат.
Трик со пешкир
Доколку имате машина за сушење алишта, имаме еден генијален совет за вас. Ставете внатре со влажната облека и еден сув пешкир. Пешкирот ќе ја впие влагата која се става во машината, а тој полека ќе се суши со останатата облека. На овој начин, облеката брзо ќе се исуши и ќе биде понежна и помека кога ќе ја извадите од машината.