Џенифер Лопез и Бен Афлек одлучија да им помогнат на сиромашните во борбата против гладот, вклучувајќи ги и нивните деца.
Сè започна во домот на Бен во областа Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, каде што беа домаќини на акција на меѓународната непрофитна организација „Rise Against Hunger“.
Џенифер и Бен без двоумење истовариле големи и тешки торби. Станува збор за вреќи со ориз и други потреби од по 22,5 килограми. Бен покажал зависна физичка сила додека истовремено носел две јакни на рамениците, но сепак – вистинската хероина е Џеј Ло, која сето тоа го направила во високи потпетици.
Се чини дека најстарата ќерка на Бен, 16-годишната Виолет го водела целиот процес, додека неговата друга ќерка, 12-годишната Серафина сериозно ја сфатила својата улога заедно со ќерката на Џенифер, 13-годишната Ема. Иако се уште не се свршени и свадбата не е на повидок, засега сите изгледаат како големо среќно семејство.