На актерот Бурак Озџивит, на локалната публика попознат како Бали Бег му се заканува затворска казна од четири години.
Имено, еден од најпопуларните турски актери би можел да заврши во затвор поради навреда на честа, пренесува НТВ.
Доколку биде обвинет, го чекаат четири години зад решетки. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во округот Беикоз во Истанбул.
Актерот беше виновникот за инцидентот што се случи минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“. Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреда на честа. Во соопштението доставено до судот се наведува дека актерот среде снимањето излегол од шаторот и почнал да ги навредува и да ги нарекува со погрдни имиња, што можат да го потврдат повеќе сведоци. Сепак, тој ги негираше обвинувањата.
Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор. Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.