Пејачката Били Ајлиш (19) отсекогаш многу отворено зборувала со претставниците на медиумите за својот живот, а сега отишла чекор понатаму и решила да се исповеда за нешто што и многу постари луѓе не би го кажале на светот.
Како што изјавила во радио емисијата „Хауард Стерн шоу“, почнала да гледа порно филмови кога имала само 11 години и многу брзо се развила заради тоа.
– Мислам дека порно филмовите се за потсмев. Гледав многу од нив, искрено. Почнав да ги гледам кога имав околу 11 години – признава Били и вели дека тоа го направила за да се чувствува „кул и како еден од момците“.
Кога ќе се осврне на тоа денес, таа сфаќа дека гледањето филмови за возрасни имало последици за неа.
– Мислам дека ми го уништи мозокот и се чувствувам очајно затоа што бев изложена на порнографија до тој степен – искрена е пејачката.
Додала дека имала кошмари бидејќи дел од содржините кои ги гледала биле насилни.
Били претходно спомна дека филмовите за возрасни биле дел од нејзиното воспитување затоа што не одела на училиште, одела на училиште дома и во осаменост си го одвлекувала вниманието со порнографија, за која пеела во нејзината песна Happier Than Ever. Денес за сето тоа си е лута на себе.
– Првите неколку пати кога имав секс не реков „не“ на работи кои не беа добри. Затоа што мислев дека тоа треба да ме привлече – вели Били.
Таа се пожали и дека не ѝ е лесно да гради љубовен живот бидејќи е планетарно популарна.
– Навистина е тешко да запознаеш луѓе кога или се плашат од тебе или мислат дека се надвор од твојата лига – искрена е пејачката.