НЕВЕРНИТЕ мажи открија како ги бираат партнерките за ПРЕЉУБА

popara3 ноември, 20211min00
381789_x1_f

Неверните мажи открија како избираат жени со кои ќе имаат „воннаставни активности“, откри истражувањето на британски онлајн сајт за запознавање со партнери за афера.

Од 1.300 испитаници, 27 отсто од мажите признале дека, доколку се незадоволни од нивната врска, би се обиделе да заведат колешка од работа. Иако „другата жена“ често се опишува како мистериозна заводничка, мажите за афера обично бираат жена која долго време ја познаваат.

Дури 99 отсто од мажите откриле дека или имале афера или сериозно размислуваат да започнат. Повеќето изјавиле дека главниот мотив за барање љубовница бил сексот кој ќе ги задоволи нивните потреби.

Кај понежниот пол ситуацијата е нешто поинаква. 39 отсто од жените ги изневерувале своите момчиња или сопрузи, а 35 отсто сериозно размислувале за тоа. Повеќе од половина од жените имале афера откако родиле деца.

Кога бараат партнер за афера, жените обично внимаваат на изгледот. 43 отсто од нив откриле дека аферата е од целосно физички карактер, додека само пет отсто изјавиле дека ги привлекува маж со кој би можеле да имаат интелектуална врска.

Повеќето мажи и жени велат дека аферата била обид да се зачини нивниот љубовен живот, пишува „Дејли мејл“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma