Неговата реакција кога дознал дека ќе имаат близнаци била – УРНЕБЕСНА: Емотивната приказна на Џорџ Клуни за родителството и децата

popara17 ноември, 20211min00
331120_profimedia0641788690_ff

Еден од најпознатите холивудски актери е секако Џорџ Клуни, а со сопругата Амал Аламудин и нивните близнаци Александар и Ела со години ужива во хармоничен семеен живот.

Клуни гостуваше во подкастот на WTF со Марк Марон, па многу емотивно зборуваше за моментите кога Амал и тој одлучија, и дозна дека ќе имаат деца. Клуни, како што самиот признава, не сакал ниту да се жени, ниту да има деца. Уште од првата средба со Амал знаел дека ќе биде поинаку.

-Бевме во брак околу една година и вечеравме со пријатели кои имаат многу гласни деца. Одевме и разговаравме; Амал ми кажа дека сме среќни во животот, но дека таа среќа треба да ја споделиме со некој друг. Размислив за тоа една минута и само реков: ако си за, можеме да се обидеме. Бев сигурен дека никогаш нема да имам деца, се помирив со таа одлука – изјавил Клуни.

Mada je godinama mislio da nikada neće imati decu, Džordž Kluni otkrio je kako je promenio mišljenje zbog ljubavi i svoje supruge Amal

– Не ни сонував дека ќе имам близнаци. Тоа беше момент за паметење. Бевме кај докторот и тој ја стави ултразвучната слика пред себе и рече: „Прекрасно, има едно момче овде“, а јас бев воодушевен што добив син. Тогаш тој рече: „И има едно девојче“, а јас си помислив: „Срање!“ Сестрата на Амал има близнаци, но јас бев вчудоневиден. Не бев подготвен за ниту едно дете, а камоли за две, но не се каам денеска – изјави Клуни.

Клуни додаде дека децата веќе имаат свој став и се шегуваат на сметка на својот татко.

Mada je godinama mislio da nikada neće imati decu, Džordž Kluni otkrio je kako je promenio mišljenje zbog ljubavi i svoje supruge Amal

– Секое утро точно во осум часот Александар ми тропа на врата. Го прашувам кој е, а тој ми вели: „Јас сум Александар Клуни“. Ја отворам вратата и тој истрчува внатре смеејќи се гласно. Тие двајца навистина ме прават среќен – заврши актерот.

Џорџ и претходно на убав начин зборуваше за родителството и истакна дека повеќе сака да биде татко отколку да биде холивудска ѕвезда!

Mada je godinama mislio da nikada neće imati decu, Džordž Kluni otkrio je kako je promenio mišljenje zbog ljubavi i svoje supruge Amal

– Чувствувам дека припаѓам на некого, знам што значи дом и безусловна љубов. Мојата работа како родител е да ги учам децата да прават ужасни работи. Обожавам да ги учам да прават глупави работи што ќе ја шокираат нивната мајка. Ги научив да ставаат Нутела во пижами и дека кога ќе си легнат, само ја вадат и јадат.

Кога Амал почнува да вика, Клуни – мајсторот на шегата – знае дека успеал!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma