Нека кожата ви биде блескава и затегната: 4 состојки се доволни да направите домашен серум со витамин Ц

popara29 декември, 20211min00
333359_vitamin-c-serum-shutterstock-1566542047_ff

Во зимскиот период кога кожата е најмногу изложена на различни временски услови, односно негативни влијанија од надворешната средина, потребно е да се одржува на соодветен начин.

Еден од најкорисните и најпотребните витамини е секако витаминот Ц. Добар е затоа што ја одржува кожата хидрирана, влијае на синтезата на колаген, ја подобрува структурата на кожата, ја прави затегната, лесна и сл.

Сепак, постојат серуми со витамин Ц кои можете да ги направите само, чии состојки може да се купат во обична аптека.

Ви треба:

– витамин Ц во прав
– гел од алое
– дестилирана или филтрирана вода
– витамин Е.

Подготовка:

Најпрво додадете една лажичка витамин Ц во прав во сад во кој ќе ги измешате состојките. Потоа додадете 3 лажички вода. Потоа мешајте додека не се стопат сите кристали.

Кога водата и витаминот ќе се спојат, додадете 20 капки витамин Е, кој обично е во форма на масло, а потоа додадете една лажичка гел од алое. Измешајте сè добро!

Кога состојките ќе се соединат, истурете го серумот во темно стаклено шише и ставете го производот во фрижидер каде што можете да го чувате до 3 недели.

Кога станува збор за користење на серумот, користете тонер пред нанесување, а потоа нанесете хидратантна крема!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma