Памела Андерсон важи за оние жени што секогаш изгледаат беспрекорно, дури и кога животот не им е секогаш „нареден“. Но, во овој случај, папараците ја фатија нејзината реална, природна страна.
Со разбушавена коса, без кармин, пудра и маскара, со очила на главата и во обична бела маичка и по тренерки, оваа актерка се појави во јавноста онака баш ноншалантно, уживајќи со својот пријател на сончевиот ден.
Иако многумина не ја препознаа и се чудеа на тој лежерен изглед, таа не се огласи на коментарите и веројатно не ја ни интересираат.
Сепак, холивудските ѕвезди се сепак обични луѓе. Иако работата им е постојано пред камера и од нив се очекува совршен изглед за позирање, и ним им е потребен „одмор“ од тој свет.
Па Памела, само ти уживај во своето кафе, онаква каква што си!