Неколку знаци кои покажуваат дека ви недостасува магнезиум

popara8 декември, 20211min00
Screenshot_1

Магнезиумот е важен минерал за целокупното здравје. За да го имаме во здрави количини, неопходно е да се храниме поздраво.

 

Треба почесто да консумираме зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови и семки, цели жиратки, авокада, банани, суви смокви…

 

Ова се некои од симптомите кои укажуваат дека не внесувате доволно магнезиум:

 

  1. Недостаток на енергија и константен замор се првите знаци преку кои ќе забележите дека ви недостасува магнезиум.

 

  1. Честите главоболки исто така настануваат од недостаток на овој минерал.

 

  1. Чести грчеви во нозете. Магнезиумот е клучен за работата на мускулите.

 

  1. Несоница и отежнато спиење.

 

  1. Неправилни отчукувања на срцето. Многу кардиоваскуларни неправилности се предизвикани од недостатокот на магнезиумот, затоа задолжително посетете лекар додека е време.

 

  1. Запекот е уште еден од симптомите.

 

  1. Високиот крвен притисок исто така.

 

  1. Кршливоста на коските покрај тоа што е поврзана со недостатокот на калциум, укажува и на мала количина магнезиум во организмот.

 

  1. Наглите промени на расположение, честата нервоза и анксиозност може исто така да значат дека треба да внесувате повеќе храна богата со магнезиум.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma