Богати се со витамин Ц, го штитат нашиот имунитет во сезоната на настинки, ни помагаат во одржувањето на витката линија и како дополнителен плус се многу вкусни. Секако, станува збор за мандарините, а зошто треба секојдневно да ги консумирате, прочитајте во продолжение.
- Тие се добри за витка линија
Како идеално овошје за јакнење на имунитетот и одржување витка линија, мандарината со својот состав е слична на портокалот – обилува со витамин Ц и А, фолна киселина и калиум, а тука се и витамините од групата Б, калциумот, магнезиумот, цинкот, бакарот и железото.
- Го намалуваат лошиот холестерол
Истражувањата покажале дека кожата на мандарината содржи хранливи состојки кои ефикасно го намалуваат „лошиот холестерол“.
- Ја спречуваат дебелината
Научниците од Универзитетот Вестерн Онтарио откриле дека хранливите состојки скриени во мандарините го спречува дебелеењето, како и нудат заштита од дијабетес тип 2 и артериосклероза. Станува збор за болести кои се одговорни за појава на срцев, но и мозочен удар.
- Тие се идеални за подготовка на оброк
Мандарината е овошје што можете да го користите и во разни јадења, особено во свежите овошни салати. Сокот од мандарина можете да го користите и во подготовка на јадења како тестенини, но и во подготовка на колачи. Исто така, сокот од мандарина можете да го искористите и при подготовка на јадења со пилешко и риба.
- Мандарините можете да ги искористите и за кожата
Од мандарините можете да направите и маска за лице за здрав и блескав изглед на кожата. Земете четири парчиња мандарина, отстранете ги семките и изматете ги во блендер со една лажица јогурт и една лажичка мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува од 10 до 20 минути. Добро измијте го лицето, а маската можете да ја користите два пати неделно ако имате мрсна кожа и еднаш неделно ако имате сува или нормална кожа.
- Мандарините го поправаат расположението
Верувале или не, мандарините можат да го поправат вашето расположените. Барем така тврдат докторите од клиниката Мајо. Мирисот на мандарина помага при стресот, депресијата и анксиозноста. Ако имате лош ден и сакате да се релаксирате, обидете се да го сторите тоа со помош на мандарините.
- Потешките мандарини се подобри
Кога купувате мандарини избирајте ги потешките, бидејќи содржат повеќе вода и сок. За да не ги изгубат вредните хранливи состојки, мандарините чувајте ги подалеку од директно светло. Консумирајте ги во рок од седум дена од денот на купувањето.