НЕМАТЕ ОТВАРАЧ ПРИ РАКА? Погледнете како да отворите конзерва со лажица за миг (видео)

popara17 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-17 201355

Немате отварач и жал ви е што ќе го уништите ножот со сечење метал, не грижете се има лесно решение

Сигурно сте се нашле во ситуација да се скрши отварачот од капакот на конзервата, а не сте имале ноже со себе со кое би ја отвориле или ви било жал што би го уништиле ножот со сечење метал.

Сега можете да видите еден лесен начин како да ја отворите со лажица.

Започнете со поставување на вашата конзерва на рамна површина. Земете тврда метална лажица, потпрете ја цврсто на местото каде што бил отворачот и внимавајте дланката да покрива половина од лажицата. Со другата рака, цврсто држете ја конзервата за да не се движи и лесно притиснете ја лажицата надолу по самиот раб на капакот.

Направете го тоа додека не направите вдлабнатина и продолжете да притискате. Во еден момент ќе почувствувате како се олабавува капакот и ќе ја видите содржината на вашата конзерва. Потоа со другиот дел од лажицата отворете го остатокот од конзервата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma