НЕОБИЧЕН ТРИК, А ЖЕНИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ВРШИ РАБОТА: На овој начин хулахопките ќе ви траат подолго! Нема веќе ПУКАЊЕ

popara20 декември, 20211min00
2835017_profimedia0528874676_ls

Модните експерти велат дека постои одличен трик кој ги штити хулахопките од пукање – само треба да ги ставите во замрзнувач пред да ги облечете.

Постапката е следна – прво натопете ги, па ставете ги во кеса за замрзнување и потоа замрзнете. Оставете ги во замрзнувачот цела ноќ. Одмрзнете ги на радијатор наутро и можете да ги носите. Оваа постапка ги зајакнува влакната во нив и ги прави поотпорни на оштетувања.

Стилистката Дениз Колдвел вели дека замрзнувањето ја зачувува бојата на чорапите, го спречува создавањето на топчиња на нив и ги одбива влакната што се лепат. Покрај класичните хулахопки, овој трик помага и кај мрежастите, открива The Sun.

najlonke

Студот влијае на молекулите во нишките на таков начин што по враќањето на собна температура, тие стануваат поотпорни и нема да се кинат толку лесно како што би било инаку. Новинарката Антонија го испробала трикот, па новите најлон чорапи ги натопила во ладна вода, ги ставила во кеса, а потоа во длабоко замрзнување.

Следниот ден ја пречекало парче мраз со хулахопки. Биле потребни осум часа за да се одмрзнат, а потоа изгледале сосема нормално како порано. Ги облекла и чувствувала под прстите како конците во нив да се подебели од порано. Таа тврди дека навистина станале поотпорни на пукање и дека е импресионирана.

Новинарката испробала уште неколку теории како да го продолжи нивниот живот – прскање со лак за коса, триење со сапун, ставање ракавици на рацете додека се облекуваат за да се избегне сува кожа или нокти, триење на стапалата со бебешка пудра и слично, но само методот на длабоко замрзнување се покажал како ефикасен.

čarape, donji veš, seksi

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma