Несоодветен избор: Места и ситуации во кои не смеат да се носат хеланки

popara1 декември, 20211min00
62199319-tajice

Повеќето од нас обожаваат хеланки бидејќи се исклучително удобни и повеќе би сакале да ги носиме во секое време од денот, но модните експерти предупредуваат дека во некои ситуации тие никако не се соодветно парче облека.

1. Голем моден прекршок се смета да носите хеланки сами во секојдневни прилики во комбинација со танга гаќички. Интимните делови на телото сепак треба да бидат заштитени од поглед.

2. Не се соодветна облека за работата. Нивното носење во деловни пригоди се толерира само кога се „скриени“ под здолништата, фустаните и високите чизми.

3. Носењето хеланки во свечени прилики е строго забрането. Свадбите или специјалните вечери, сите прилики кои бараат формален кодекс на облекување и пософистицирана облека не се ситуации во кои треба да посегнеме по хеланки.

4. Никогаш не треба да се носат на погреб. Тоа е ситуација во која е неопходно да се покаже максимална почит кон починатиот и неговото семејство. Носењето сугестивна облека како хеланки едноставно испраќа погрешна порака, иако тоа воопшто не било замислата.

5. Избегнувајте да ги носите во културни институции. Исто како и свечените прилики, како свадба, одење во театар, музеј, уметничка галерија или некоја слична културна институција, едноставно се бара од вас поформална комбинација на облека, а хеланките во никој случај не можат да се класифицираат како формални парчиња.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma