Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, освежи еден мрачен ден во Лондон. Војвотката посетила училиште во северен Лондон, а како и секој пат така и го прилагодила аутфитот и блеснала!
За оваа дружба со средношколците, војвотката Кејт избра црни панталони кои ги искомбинира со розова ролка од брендот Хобс, која може да се најде во продажба по цена од нешто повеќе од 56 фунти, но и со капут од истиот бренд – во идентична нијанса! Палтото и ролката во ист тон беа вистинско весело освежување, не само поради светлата нијанса на розовата нијанса, туку и ова се покажа како многу ефикасен моден трик, а Кејт не е првпат да се одлучи за него. Палтото, инаку, чини нешто помалку од 225 фунти, ја следи линијата на телото на Кејт до колковите, а потоа се шири до колена. Овие модели генерално и додворуваат на секоја фигура, а со оваа нијанса се одличен избор.
Ваквиот стајлинг ја истакна нејзината витка фигура, а за тоа имаше и посебен моден трик: ролката ја вовлече во панталоните, што дополнително визуелно и ги издолжува нозете. Кејт има и посебен моден трик за носење ролки. Секако тука се и неизбежните салонки со висока потпетица кои оставаат впечаток на елеганција.
Се на се, вистински хит за мрачен ден! А како изгледа Кејт кога никој не ја гледа? Како ова!