Некои растенија се познати како добри прочистувачи
Проветрување на просториите дефинитивно станува непожелна идеја, бидејќи доаѓа постудено време.
Сепак, не се пожелни ни застарениот воздух во домот, мирисите на јадења и цигари.
Во нашите домови има многу загадувачи на воздухот, како што се трихлоретилен, формалдехид, бензен, јаглерод моноксид и азот. Потоа, постојат различни средства за дезинфекција, оксиди и пестициди.
Сите загадувачи можат да бидат многу штетни за здравјето на луѓето, поради што е неопходно некакво прочистување на воздухот.
Познато е дека некои растенија го прочистуваат воздухот, а научниците од НАСА ги препорачуваат овие три.
Алое вера
Алоето се покажа како ефикасно во чистењето на воздухот од загадувачите кои се наоѓаат во различни хемикалии кои се користат секојдневно за чистење. Алоето покажува и кога воздухот во просторијата е премногу загаден, бидејќи тогаш на неговите лисја се појавуваат кафени дамки.
Ова растение има широка примена и во домашната медицина, бидејќи гелот од алое има многу лековити својства.
Алоето треба да се чува на добро осветлено место, за да може непречено да напредува.
Англиски бршлен
Научниците на НАСА веруваат дека англискиот бршлен е одличен за прочистување на воздухот, а ова е најефективното растение кога станува збор за апсорпција на формалдехид, кој често се наоѓа во средствата за дезинфекција.
Ова растение, инаку, е многу лесно за одржување, само треба да го чувате на умерена светлина и температура.
Меѓутоа, бидејќи брзо се шири, многу луѓе го отфрлаат.
Фикус
Веројатно го имате дома, а не сте ни свесни колку ви помага. Сите видови фикуси се одлични за филтрирање на воздухот.
Исто така, ова растение е многу благодарно за одржување, иако на многу домаќинки не им се допаѓа бидејќи прашината лесно се забележува на него.