Не се виделе три години, изјави Кејт Винслет за средбата со Леонардо ди Каприо: „Не можев да престанам да плачам“

popara23 декември, 20211min00
f9e217e16ce818a4e4db5afafa9aee473b5b2920

Ѕвездата на „Титаник“ Кејт Винслет во едно неодамнешно интервју откри колку и недостигал нејзиниот колега Леонардо ди Каприо бидејќи не го видела речиси три години за време на пандемијата.

„Титаник“ ги вивна Кејт и Леонард до ѕвездите и оттогаш тие се добри пријатели, а актерката опишува како изгледала нивната средба по години раздвоеност:

– Не можев да престанам да плачам. Го познавам половина живот. Не беше едноставно да се видиме за време на пандемијата, не е лесно јас да се најдам во Њујорк или тој во Лондон и да би имало можност да вечераме или да пиеме кафе – искрена е Кејт Винслет за Гардијан.

Се познаваат од раните 20-ти години, откако работеле на филмот во 1997 година. Сега се сретнале додека двајцата биле во Лос Анџелес.

– Не можевме да ги напуштиме нашите земји. Ми недостигаа многу пријатели поради КОВИД-от. Леонардо е мој пријател, мој навистина близок пријател. Поврзани сме до крајот на животот – вели Кејт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma