Вообичаено е жените да се чувствуваат постудено, што делумно се должи на психологијата и поголемата чувствителност на состојби кои можат да придонесат за настинка, но може да биде и резултат на некои нарушувања во телото како анемија или појава на дијабетес.
Постојат неколку причини за оваа состојба:
Нарушување на тироидната жлезда
Ако постојано ви е ладно, тоа значи дека страдате од хипотироидизам, што значи дека вашата тироидна жлезда не лачи доволно хормони.
Без правилно функционирање на оваа жлезда, метаболизмот се забавува, а други симптоми на оваа болест се опаѓање на косата, сува кожа и замор.
Анемија
Ниското ниво на железо во крвта е најчеста причина за хронично чувство на студ. Железото е клучен минерал кој им помага на црвените крвни зрнца да носат кислород низ телото, што значи дека тие носат топлина и други хранливи материи до секоја клетка во телото. Без доволно железо, постојано ќе ви биде ладно.
Слаба циркулација
Ако стапалата и рацете ви се постојано ладни, имате проблем со циркулацијата, што значи дека поради одреден проблем крвта не стигнува до екстремитетите. Лекарите советуваат да ги проверите срцето и крвните садови. Инаку, на циркулацијата лошо влијае пушењето.
Ран знак за дијабетес
Неконтролираниот дијабетес може да предизвика состојба наречена дијабетична нефропатија, која влијае на нервите кои се одговорни за чувството во рацете и нозете и секогаш се ладни.
Дијабетичната нефропатија се развива постепено, така што може целосно да не сте свесни за нејзиното постоење. Придружни симптоми се често мокрење, чувство на замор и зголемена жед.