Николас Кејџ глуми невротична верзија од себе: Се колне дека нема да го гледа филмот, а коментарите на трејлерот само се нижат

popara22 декември, 20211min00
nikolas-kejdz-830x0

Во филмот Николас игра измислено себе – лик кој поради падот на неговата актерска кариера мора да прифати милионска работа да се појави на роденден на богат фан.

Актерот Николас Кејџ накратко го коментираше филмот „The Unbearable Weight of Massive Talent“ во кој се толкува себеси, како и своите најпознати филмски ликови.

Реакциите на трејлерот се различни, па додека некои со ентузијазам едвај чекаат да го видат Кејџ во оваа реализација, други ја нарекуваат идејата да се толкуа сам себе како „луда“.

Актерот, пак, рече дека не планира да го гледа филмот.

– Никогаш нема да го погледнам. Ми рекоа дека е добар филм. Но, едноставно, крајно е лудо да одите во кино и да се гледате себеси, и таа невротична верзија од себе. Тоа воопшто не сум јас – изјави неодамна актерот.

Во филмот, Николас игра измислено себе – лик кој поради падот на неговата актерска кариера мора да прифати милионска работа и да се појави на роденден на богат фан. Ситуацијата набрзо се менува, па ЦИА е принудена да интервенира, а Николас за да го спаси сопствениот живот и животите на своите најблиски, има задача да се маскира во ликовите кои ги играл во текот на неговата кариера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma