Нутриционистка открива: Доколку ги имате овие симптоми неопходен ви е еден важен лек!

popara17 декември, 20211min00
2358_shutterstock-1254094441_f

На телото му требаат здрави бактерии, пробиотици, за да биде здравo. Станува збор за микроорганизми кои се борат против лошите бактерии и се важни за здравјето на цревата, но и за имунитетот.

Иако пробиотиците природно се наоѓаат во организмот, понекогаш од различни причини нивниот број се намалува, а нутриционистката Ана Мепсон открива сигнали кои предупредуваат дека е неопходно да се зголеми нивото на пробиотиците за да се подобри здравјето на цревата.

Таа истакнува дека надуеноста, преосетливоста на одредени намирници, проблеми со празнењето на цревата и честите гасови можат да бидат знаци дека на телото му недостасуваат пробиотици.

Дополнително, некои симптоми кои не се поврзани со варењето – како што се егзема, лошо расположение, анксиозност или слаб имунитет, исто така може да укажуваат на недостаток на пробиотици.

Открива и што го нарушува бројот на добри бактерии во цревата – некои лекови (особено антибиотици), стрес, алкохол, недоволен внес на влакна, исхрана богата со масти.

Мепсон додава дека дигестивните проблеми не мора да значат дека ви требаат пробиотици.

„Понекогаш е подобро да размислите за целата своја исхрана и да се обидете да внесувате доволно масти, протеини и јаглехидрати“, вели таа.

Пробиотиците може да се земаат со суплементи, но и со храна, а најмногу ги има во јогуртот и ферментираната храна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma