Кафето одамна не само што е омилен утрински ритуал и пијалок, туку верно не придружува во текот на целиот ден.
Некои ги држи будни, дава малку енергија, а експертите се согласуваат дека е добро за нашето здравје, ако внимаваме како го пиеме. Додатоците се тие што го прават нездраво. Еве на што треба да внимавате:
Избегнувајте шеќери и засладувачи
Најздравата варијанта на вашиот омилен пијалок е онаа без шеќер. А ако навистина треба да го засладите со нешто, тогаш изберете шеќер од цвет од кокос, сируп од агаве или стевиа. Обидете се постепено да ја намалувате сладоста на вашето кафе за на крајот да се навикнете да го пиете без додавање на засладувачи. Шеќерот е најнездравиот додаток на кафето, бидејќи е најлошата состојка во модерната исхрана. Тоа е поврзано со многу болести и состојби. Кафето без шеќер е најздравото што можете да го пиете.
Додатоци
Освен шеќер, добро би било да избегнувате додавање млеко во кафето. А ако не можете без млеко во шолјата, обидете се да најдете поздрава варијанта, како бадемово, овесно или млеко од соја.
Омилениот пијалок можете да го збогатите на уште неколку начини, да додадете малку екстракт од ванила или да додадете малку цимет. Добар избор е и колагенскиот прав, кој издржува високи температури, ги поддржува функциите на мозокот, го намалува холестеролот и го забрзува метаболизмот.
Не на празен стомак
Истражувањата покажаа дека пиењето кафе на празен стомак е многу штетно за нашиот организам. Има пад на шеќерот во крвта, ја намалува енергијата и ја зголемува желбата за слатки. Повеќето луѓе го започнуваат денот така што ќе посегнат по утринското кафе прво пред појадокот, а тоа може да биде причина за заморот што ве обзема потоа.
Обидете се да ја промените оваа навика, па не заборавајте да грицкате нешто пред да почнете да пиете кафе, телото ќе ви биде благодарно.