Истражувањата велат дека не треба да ја прегреваме просторијата во која спиеме бидејќи нема да се одмориме правилно.
Сите ние често ги припишуваме грдите и вознемирувачки соништа на стресен период, работа, обврски…, но експертите велат дека за тоа може да биде виновна и температурата во просторијата во која спиеме.
– За да се одмориме и спиеме, треба малку да ја намалиме телесната температура. Ние обично го губиме тој 1 ° C преку главата, рацете и нозете кои се изложени, но ако температурата во целата соба е превисока, телото не може да ја намали топлината и сонот е нарушен – вели д-р Нил Стенли, поранешен претседател на Британското друштво за спиење.пишува Метро.
Иако звучи многу малку, се верува дека собата треба да биде помеѓу 16 ° C и 18 ° C за да можеме да се смириме, да заспиеме и да избегнеме лоши соништа.