Истата вечер пејачката доби и награда за придонес во музиката во изминатите десет години, а по добивањето на наградата Лана одржа краток говор и им се заблагодари на сите кои веруваат во нејзината музика.
Пејачката Лана Дел Реј е една од оние уметници кои живеат за музиката, а кога се во прашање црвениот тепих и рефлекторите, 36-годишната Американка на секој начин се обидува да ги избегне.
Кога ќе се појави на некој јавен настан, фановите не го кријат своето воодушевување, со оглед на тоа што со години кружат приказни за нејзиното исчезнување од јавната сцена.
Сега таа ја изненади публиката доаѓајќи на „Variety’s 2021 Music Hitmakers Brunch“.
Истата вечер пејачката ја доби наградата за придонес во музиката во изминатите десет години, а по добивањето на наградата Лана одржа краток говор и им се заблагодари на сите кои веруваат во нејзината музика.
Фотографиите од свечената вечера набрзо протекоа во јавноста, а критичарите не беа благи кога требаше да ја коментираат нејзината модна комбинација. Тие се согласија дека минијатурниот фустан со исрези на стомакот и длабоко деколте е модна катастрофа.
Големата јакна во комбинација со чизмите на високи потпетици исто така не ги воодушеви модните експерти.
Инаку, за Лана низ годините се пишуваше за физичките трансформации, односно за тоа што отиде под нож. Некои работи тргнаа наопаку, па нејзиното лице многу се промени, иако немаше потреба од операција, се вели во коментарите.
Нејзините обожаватели во моментов уживаат во дури два албума оваа година наречени „Chemtrails over the Country Club“ и „Blue Banisters“, а таму, барем кога се во прашање музичките критичари, таа се снајде многу подобро отколку со модата.