ОВА Е НАЈДОБРАТА ЗАШТИТА: Еве на колку време треба да се вакцинирате против Ковид

popara15 ноември, 20211min00
Screenshot_2

Во услови на ширење на делта сојот на корона вирусот, неопходно е да се изврши ревакцина со „Спутник лајт“ еднаш во половина година, изјави директорот на националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинкбург.

Според Гинзбург, ревакцинацијата е многу важна.

– Ревакцинацијата со „Спутник лајт“, според мене, во ситуација кога се појавуваат нови соеви, навистина е неопходна еднаш во шест месеци. Ако има друг вид, ќе видиме дали ќе има некои други карактеристики – изјави рускиот научник за Спутник.

Тој објасни дека на секои шест месеци кај човекот се намалува нивото на антитела на сите туѓи антигени, доколку не е во постојан контакт со нив.

Претходната студија на Центарот Гамалеја, базирана на 28.000 луѓе во Москва кои биле вакцинирани со еднокомпонентната вакцина „Спутник Лајт“, покажа дека вакцината е 70 проценти ефикасна против „делта“видот на корона вирусот, три месеци по вакцинацијата.

Ефективноста на вакцината како „засилувач“ на другите вакцини е над 83 проценти против инфекција и повеќе од 94 проценти против хоспитализација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma